Браќата Љупче и Ѓорѓе Џекови остануваат членови на Силекс до јуни 2029 година.
И двајцата, како што информираше клубот, ставија потпис на нови четиригодишни профисионални договори со ФК Силекс.
Браќата Џеков се членови на Силекс веќе еднаипол година. Во овој период од јануари 2024, голманот Љупче Џеков има 34 натпревари во Првата МФЛ, додека Ѓорѓе има 27 одиграни натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

