Викендот во Скопје се одржа првенство на Македонија во мечување во дисциплината меч за сениори и сениорки, за мажи и жени поединечно и мажи екипно.
Во поединечна конкуренција, титулата државен првак ја освои Петар Дамјаноски од ЗМК Ескрим, совладувајќи го во финалето клупскиот другар Матеј Тодоровски. Во женска конкуренција, Неда Коцевска од ЗМК Ескрим, ја освои титулата со победа над Искра Дамјаноска, исто така од ЗМК Ескрим.
Екипата на ЗМК Ескрим, во состав Огнен Николовски, Петар Дамјаноски и Матеј Тодоровски (на фотографијата), доминантно ја победи екипата на МК Работнички во финалето и ја одбрани титулата освоена минатата сезона.
За националниот селектор Билјана Кузмановска Николовска државното првенство беше уште една можност за проверка на формата на кандидатите за настап на Европското првенство во Џенова, Италија, и на Светското првенство во Тбилиси, Грузија.
М.М.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

