Грците побегнаа без борба: Мечот нема да се игра, ЕХФ МОРА ДА ГО КРУНИСА АЛКАЛОИД!

Натпреварот меѓу Алкалоди и АЕК на кој македонскиот тим требаше вечерва да биде крунисан во нов освојувач на ЕХФ Европскиот куп сепак нема да се одигра, откако гостинскиот состав одби да излезе на теренот во СЦ „Борис Трајковски“.

Свесни дека по оние минус четири во Атина борбата за трофејот им е однапред загубена, Грците решија воопшто да не истрчаат на терен, како алиби измислувајќи го недоаѓањето на нивните навивачи во Скопје.

„Натпреварот вечерва нема да се одигра. Противничкиот тим одби да се појави на терен поради несогласување со сопствените навивачи. За сите натамошни информации ќе бидете благовремено известени“, објави официјалниот спикер на натпреварот.

Јасно е дека топката е сега префрлена кај ЕХФ, но во една ваква ситуација и атмосфера за пример, единствено логично решение е Грците да бидат жестоко казнети, а Алкалоид со службена победа да го добие пехарот во ЕХФ Европскиот куп.

Се вчитува...