Младост 96 по драматично полуфинале се избори за финале во пингпонгарската лига, Вардар избори опстанок, Телеком НЕЦ се пласира во Прва лига

Се одигра првото полуфинале од плеј-оф разигрувањето во пингпонгарската Суперлига на Македонија. Младост 96 е првиот полуфиналист, а на 26 мај ќе се одигра второто полуфинале меѓу Крива Паланка и Телеком НЕЦ.

Натпреварот Младост 96 – Астраион се решаваше во последниот меч и со резултат од 3-2 Младост 96 ја обезбеди победата. Оваа сезона Астраион од Струмица покажа дека не само што го заслужува местото во Суперлигата, туку и со млада екипа се бори за врвот.

Стојчев

Вардар победи рутинирано против прволигашот Рисови и го задржа местото во најдобра македонска лига.

Телеком НЕЦ од Скопје беа убедливо најдобри во Втора лига. Обезбеди директен пласман во повисокиот ранг. Второто место во оваа лига го освои Пелистер и ќе разигрува со Кочани од Прва лига.

Се вчитува...