Десет млади пинг понгари се натпреваруваа во поединечна и екипна конкуренција на Балканското првенство во Албена, Бугарија, од 21. до 25. мај. Младите настапуваа во категории до 11 и 13 години.
Највпечатлив беше настапот во машка конкуренција, екипно до 11 години каде што го освоивме 6. место, но репрезентацијата беше многу блиску до победа над Грција и влез во полуфиналето.
Во поединечна конкуренција забележан е добар настап на сите, а најсилен впечаток оставија Јован Пармачки и Филип Цековски кои беа на чекор до пласман во елиминациската фаза.
Репрезентацијата беше предводена од селекторот Милош Миленковиќ со асистенција на тренерите Зоран Јованоски, Јован Ковачовски и Томе Петков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

