Еден од фаворитите за златото на претстојниот Евробаскет, Словенија ќе има помош од првата ѕвезда на тимот Лука Дончиќ, потврди претседателот на Кошаркарската федерација на Словенија, Матеј Ерјавец.
„Пред две минути имав состанок со Роб Пелинка, каде тој ми рече: „Ќе го земете Лука и еден тренер и тоа е тоа. Воопшто немаше дискусија дали ќе го пушти Лука или не“, изјави Ерјавец.
Словенија е во групата Д која се игра во Полска, а покрај еден од домаќините во оваа група се и Исланд, Франција, Белгија и Израел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

