Силекс се засили со босанскиот интернационалец Миљан Говедарица (ФОТО)

За настапите во квалификациите од Конференциската лига на УЕФА, Силекс се засили со 31-годишниот босански интернационалец Миљан Говедарица.

Кратовци и официјално го промовираа фудбалерот кој настапува на левата крилна позиција и во клубот доаѓа од босанскиот прволигаш ФК Славија Сараево.

Говедарица претходно во кариерата има настапувано и за Слобода Тузла, Зрињски Мостар, Леотар како и украинскиот прволигаш Кривбас.

Се вчитува...