Искусниот дефанзивец Виктор Велкоски не успеа да се договори за трансфер во далечната Кина, па сега ова лето ќе бара нова средина каде ќе ја продолжи кариерата.
Некогашниот фудбалер на неколку прволигашки клубови, има и интернационална кариера, откако настапуваше и во Егиниакос од Грција, Лачи од Албанија, а оваа сезона беше дел од Туран од Казахстан.
Велкоски во Македонија настапуваше за Пелистер, Вардар, Скопје, Победа, Работнички и Брегалница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

