ТФТ се уште не се предава откако намали на 2-1 во финалната серија откако вечерва на домашен терен славеше против МЗТ Скопје Аеродром со 63-58.
Како и во претходниот меч ТФТ и овојпат почна неверојатно и веќе по десет минути игра имаше двоцифрена предност 21-10.
Избраниците на Боро Смилковски продолжија одлично и во вториот период, па на полувреме имаа неверојатна предност од 42-23.
„Металците“ како да се препородија во вториот дел. Одиграа фуриозна трета четвртина во која постигна 29 поени, а на противникот му дозволија само десет, па во последниот период се влезе во егал 52-52. Последниот период почна премногу тврдо на двете страни.
По половина четврта четвртина постигнати беа само три поени од страна на МЗТ, па во последните пет минути тие влегоа со предност од три поени 52-55. Црната сеија на двата тима продолжи и во следниот период, па на три и пол минути до крајот гостите имаа предност од 52-56. ТФТ конечно поентираше (54-56), преку Закари Браун, но малерот да биде поголем тој доживеа тешка повреда поради која мораше да го напушти теренот. ТФТ постигна уште два поени, па во последната минута се влезе со резултат 56-56.
Ташовски погоди едно слободно фрлање (57-56), Магдевски не реализираше, по што беше досудена неспортска лична грешка на Едвин над Говенс. Американецот во тимот на ТФТ ги искористи двете слободни за (59-56), по што следуваа нови слободни за Зафиров кој реализираше само едно па на 20 секунди до крајот резултатот на семафорот изнесуваше 60-56. До крајот ТФТ успеа да ја задржи предноста и да слави со конечни 63-58.
Закари Браун со 20 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Деон Едвин имаше 19 поени и девет скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА



















