На поранешниот тренер на Партизан, Душко Вујошевиќ во вторникот во Минск му била извршена трансплантација на бубрег.
Оваа вест ја потврди неговиот колега Богдан Тањевиќ.
„Нашиот драг пријател се опоравува од сложена интервенција…“, напиша Тањевиќ.
Вујошевиќ беше на програмата за трансплантација и терапии две години, од моментот кога се појави донаторот. Овој 66-годишен стручњак најголема трага остави во Партизан каде работеше во неколку мандати.
Неговиот последен ангажман беше во Клуж, Романија, кој го напушти во 2021 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

