Финалната серија од грчкото првенство меѓу Олимпијакос и Панатинаикос се претвори во вистинска драма надвор од теренот, а контроверзниот сопственик на „зелените“ Димитрис Јанакопулос повторно беше во центарот на нов скандал.
Според бројни грчки медиуми, Јанакопулос предизвикал инцидент пред соблекувалната по натпреварот, каде што се случила жестока расправија со полицијата.
Ситуацијата ескалирала до тој степен што, како што објави Олимпијакос, обвинителот издаде налог за апсење на сопственикот на Панатинаикос. Сепак, место да биде приведен, Јанакопулос, со помош на своето обезбедување, успеа да избега од салата.
Генералниот директор на КК Олимпијакос, Никос Лепениотис, изнесе шокантни обвинувања против Јанакопулос, тврдејќи дека по натпреварот изговорил монструозни навреди кон семејството на сопственикот на Олимпијакос, Јоргос Ангелопулос.
„Навредливата фраза беше нереална и одвратна. Тој дојде кај нас двапати и рече: ‘Одете и кажете му на Ангелопулос дека ќе ја силувам неговата ќерка пред него’. Ова го слушнаа бројни сведоци – луѓе од неговото обезбедување, како и членови на неговиот тим“, рече Лепениотис.
Инцидентот, како што тврди тој, се случил под кошот и пред очите на обвинителот, а сè наводно било снимено со видео камери.
„После тоа, обвинителот наредил негово апсење. Јанакопулос почнал да вика, се обидел да влезе на теренот, по што полицијата интервенирала и го привела“, рекол Лепениотис.
Сепак, поради хаосот што настанал, Јанакопулос наводно се повлекол во соблекувалната, каде што набрзо следела паника – неколку луѓе биле видени како трчаат од просторот под трибините. Недолго потоа, сопственикот на Панатинаикос бил снимен како брзо ја напушта салата и трча кон својот автомобил.
Како да не било доволно сето тоа, според извештаите од местото на настанот, возилото во кое се наоѓал Јанакопулос речиси прегазило полицаец кој се обидел да го запре пред салата во Пиреја, давајќи му сигнал да остане во објектот.
Panathinaikos – Olympiakos maçı sonrası
Dimitris Giannakopoulos
Hızlıca olay yerinden ayrıldı. Birilerinden mi kaçıyor https://t.co/xqqy1Ibwds pic.twitter.com/kwj336FzlE
— Sinan AKYÜZ (@SinanAkyuz73) June 1, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

