Огромен успех за македонските традиционални каратисти на ЕП – Белазелкоска е европски шампион во сениорска конкуренција!

Македонската репрезентација во традиционално карате постигна огромен успех на 37. ЕТКФ Европскиот шампионат за сениори, младинци, јуниори и кадети и 7. ЕТКФ Европски куп за деца, кои изминатиов викенд се одржаа во Неа Мудања, Грција.

Македонската репрезентација освои вкупно 46 медали, 12 златни, 13 сребрени и 21 бреонзени медали.

Најуспешни наши натпреварувачи беа: Антонија Белазелкоска – европски шампион во кати за сениорки, Камелија Недев и Матеј Мангаровски – европски шампиони во енбу за јуниори, Матеј Мангаровски – европски шампион во кати во кадетска конкуренција и 2. место во фукуго за кадети и јуниори.

Женскиот сениорски ката тим во состав Антонија Белазелкоска, Берта и Јана Милевски освоија 2. место во ката тим сениорки. Јана Милевска освои 3. место во кати за сениорки.

Кај децата најуспешни беа Камелија Недев со освоени три златни медали во кати, кихон и џиу кумите за деца 12-13 години и Филип Недев со освоени три златни медали во кати, кихон и џиу кумите за деца 10-11 години.

Ката тимот во состав Максим Поп Трпев, Драган Стојановски и Војдан Паламидовски освоија прво место во ката тим за деца од 6-9 години. Максим Поп Трпев и Мила Владев освоија прво место во кихон кумите за деца од 6-9 години. На Европското првенство во Грција учествуваа 14 држави со околу 200 натпреварувачи.

Се вчитува...