Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман имаше бурна реакција откако загуби од Олимпијакос во вториот натпревар од финалната серија од плејофот на грчкото првенство.
Црвено-белите славеа со 91-83 во натпревар кој беше засенет од судењето, како и навредите кон сопственикот на ПАО, Димитрис Јанакопулос, кој беше исфрлен од салата поради бурната реакција, а потоа, наводно, беше издадена и потерница за негово апсење.
„Ова е циркус. Прво сакам да кажам дека ова не е спорт, во ред? Ова е циркус“ – почна Атаман, видливо бесен по хаотичната и емотивна вечер, и продолжи:
„А тука на теренот, во една кошаркарска арена, никој не може да и каже „е*и се“ на мојата земја, во ред? Можат да ми кажат „е*и се“ мене, можат да му кажат „е*и се“ на Панатинаикос, но никој не може да каже „е*и се Турцијо“, во ред? Добив уште една техничка грешка за тоа.“
Потоа се осврна на навредите на навивачите на Олимпијакос кон ќерката на Димитрис Јанакопулос.
„Никој не кажува ништо за навреди кон семејството, кон нашиот претседател Јанакопулос. Можете да го навредувате, но неговата ќерка, неговиот син, кој има 12 години – тоа не е спорт, во ред? Оние што го прават тоа се копилиња. Тоа сакам да го кажам. Копилиња!“
Не пропушти ниту да ги спомне и судиите.
„Секако, судиите, судат исплашено. Ете погледнете, тие играат агресивно, а добиваат 33 слободни фрлања, а ние имаме само 17. Тие играат агресивно, тоа а борење, тоа не е кошарка. Сега во среда ќе играме кошарка. ОАКА не е циркус. Сите ќе покажат почит, но ние таму ќе играме агресивно и ќе ја освоиме титулата. Тоа е сè“ – рече Атаман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

