Вардар потпиша четиригодишен договор со голманот Или Зибери од Тетекс

Подготвувајќи се за новата сезона и настапите во квалификациите од Конференциската лига на УЕФА, Вардар потпиша четиригодишен професионален договор со 20-годишниот досегашен голман на Тетекс, Или Зибери.

Потекнува од екипата на Вардар Форино, настапуваше потоа и за младинските екипи на ФК Шкендија, а последната година успешно настапуваше за ФК Тетекс.

Досега има и настапи за младинските репрезентации на Македонија.

Се вчитува...