Во изборот на Шек на најдобрите 10 кошаркари нема место за Јокиќ

Легендарниот центар Шекил O’Нил ја откри својата листа на најдобрите десет кошаркари кои настапувале во историјата на НБА лигата, а интересно во неа нема место за Никола Јокиќ, српскиот кошаркар кој ги поместува границите во најелитното кошаркарско првенство.

Очекувано, број еден за популарниот Шек е Мајкл Џордан по кој следи Коби Брајант, а на третото место е Леброн Џејмс. По овие тројца следат: Меџик Џонсон, Бил Расел, Вилт Чемберлин, Лери Брд, Хаким Олајџувон, Тим Данкан и Џулиус Ирвинг.

Во личниот избор на поранешниот центар на Орландо, ЛА Лејкерс, Мајами, Феникс, Кливленд и Бостон нема место ниту за Стеф Кари, кошаркарот кој со својот стил на игра направи револуција во кошарката.

Се вчитува...