Спанулис: Срамота… милионери, а се жалите дека сте изморени од кошарка

Монако по голема битка загуби во финалето од Евролигата, по што дојде до значителен пад во формата на „кнезовите“. Тренерот Василис Спанулис има причина да биде незадоволен откако неговиот тим беше декласиран од Асвел со 94-74 во првиот полуфинален меч од француското првенство.

Гркот јасно стави до знаење дека нема да толерира незалагање од својот тим, нагласувајќи дека заморот никако не смее да биде изговор кај неговите скапо платени кошаркари.

„Реалноста е дека сме испразнети, како физички така и ментално. Не можам да разберам зошто, ова е кошарка, треба да го сакаш ова, да уживаш… Срамота е… Замор? Тоа е за родителите кои работат цел ден за да обезбедат храна за своите деца и да платат ќирија. Некој што заработува милиони да каже дека е изморен од кошарка, тоа е срамно, тоа е непочитување на сите луѓе ширум светот кои секојдневно се борат за егзистенција“, порача легендарниот Василис Спанулис.

Се вчитува...