На 9-ти Јуни започнува престижниот и досега најголем пинг-понг настан во Македонија – World Table Tennis Contender Skopje 2024. Пријавите доаѓаат од доминантната Кина, потоа Германија, Франција и други европски земји, и секако од Балканот, односно Словенија и Дарко Јоргиќ кој од оваа недела е меѓу првите 10 најдобри во Светот.
Повеќе од 100 пинг понгари во понеделник, на 9 Јуни, ќе го донесат светскиот пинг-понг во салата Јане Сандански во Скопје, а скопјани и цела држава ќе може бесплатно да ги следат натпреварите.
Натпреварите започнуваат во 10 часот, секој ден од 9 до 15 Јуни и во текот на целиот ден се до 18 часот ќе се одвиваат возбудливи дуели како што очекуваме.
Организацијата на ваков престижен и од светски карактер натпревар е признание за Федерацијата и за државата затоа што истиот се вбројува во само неколку од овој ранг кои во 2025 година се одржуваат ширум Светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

