Силекс го промовираше и Кристијан Велиновски (ФОТО)

Кратовски Силекс, подготвувајќи се за настапите во Конференциската лига на УЕФА ова лето се засили и до Кристијан Велиновски.

26-годишниот Велиновски игра на офанзивните позиции, а во Силекс сега доаѓа од редовите на Гошк Габела од БиХ.

Велиновски е поранешен младински репрезентативец на Македонија, а во минатото во Првата македонска фудбалска лига настапуваше и за Брегалница и АП Брера, како и за екипата на Сумгајт во Азербејџан.

Се вчитува...