Фетаи се врати назад во Шкендија

Шкендија успеа да договори уште еден трансфер откако новиот шампион на Македонија денеска потпиша договор со Имран Фетаи, 22-годишниот играч за врска кој ја мина ланската сезона во дресот на Беса.

Фетаи е дете на школата на тетовци, кој првите сениорски чекори ги направи во Аполонија во Албанија, потоа и во Гостивар, Тиквеш и во дресот на Беса во мак-фудбалот, за сега да се врати назад во клубот во кој ја почна кариерата.

„Неверојатно е чувството да се биде фудбалер на Шкендија, пресреќен сум што потпишувам за овој клуб. Знам што се бара кога се носи дресот на Шкендија и подготвен сум да помогнам тимот да ги оствари зацртаните цели“, изјави Фетаи по потписот на тригодишниот договор со тетовскиот клуб.

Се вчитува...