Шкендија со рокада на десен бек: Си замина Коцев, се врати Мурати

Шкендија е активна на трансфер-пазарот, откако новиот шампион на Македонија во еден ден претстави две нови засилувања. Откако беше официјализиран трансферот на 22-годишниот Фетаи, тетовци попладнево го објавија и камбекот на својот поранешен фудбалер Мевлан Мурати.

„Црвено-црните“ од Тетово најпрвин објавија дека клубот го напушти досегашниот десен бек Стефан Коцев, по што неколку часа подоцна следеше и официјализацијата на трансферот на Мурати, кој се враќа назад во клубот со кој освои три шампионски титули во минатото.

Мурати минатата сезона ја мина во дресот на Гостивар, а претходно ги бранеше и боите на Работнички, Ренова, Шкупи и Партизани Тирана.

Се вчитува...