Не е продолжен договорот: Адили и Шкендија се разделија

Искусниот стопер Мевљан Адили во иднина нема да го носи дресот на Шкендија. Неговиот договор истече, и беше одлучено истиот да не биде продолжен, со што и дефинитивно 31-годишниот дефанзивец ќе има нов клуб.

Адили беше дел од тетовските „црвено-црни“ во три периоди, и остави траен белег во клубот од Тетово. Со тимот освои три шампионски титули.

„Секое патување има свој почеток и крај. Иако патиштата ни се разделуваат, благодарноста останува за секој момент во и надвор од теренот. Му посакуваме на Адили многу успеси во кариерата и просперитет во секој чекор од неговиот живот“, стои во објавата на Шкендија.

Се вчитува...