Шкендија се раздели од Шаља

Шкендија дефинитивно е најактивен клуб во мак-фудбалот на почетокот од летото, откако тетовци направија неколку промени во играчкиот кадар.

Денеска беше објавено дека македонскиот првак нема да ја продолжи соработката со Аденис Шаља, крилниот фудбалер кој летово станува слободен играч и ќе може да ја избере следната дестинација во кариерата.

„Сакаме да му се заблагодариме на Аденис за се што стори за Шкендија за време на својот престој во Тетово, воедно и му посакуваме многу среќа во следниот чекор во кариерата. Тој дојде во нашиот клуб во летото 2021 година и во изминатите години беше важен дел од екипата, давајќи придонес со посветеноста и со добрите игри, вклучувајќи ги и оние од минатата сезона во која бевме прогласени за шампиони на Македонија“, објави Шкендија на официјалната веб-страница.

Се вчитува...