Шестиот месец од годината традиционално го носи продолжението на ПФЛ турнирот, но овој пат со промени во системот на натпреварување.
Магомед Умалатов, финалистот од минатата година, ја спушти вагата и беше заменет од Џозеф Лучијано, но Умалатов сепак настапи на овој настан, надвор од турнирот. Тој се бореше со Ентони Ајви, поранешен борец на УФЦ со два порази во тоа натпреварување. Мечот траеше две минути и 28 секунди, а заврши со брутален нокаут. Ајви падна со лицето надолу на подот.
Умалатов е 33-годишен борец по потекло од Дагестан, кој активно играше фудбал до 18-годишна возраст, но потоа реши да ја гради својата спортска кариера во ММА. Досега има 18 победи, од кои 14 со прекин и само еден пораз.
Magomed Umalatov faceplant KOs Anthony Ivy.
First KO of the night at the #PFLWorldTournament pic.twitter.com/6wWbH7ArSc
— Spinnin Backfist (@SpinninBackfist) June 13, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

