Хамилтон разочаран по уште една трка за заборав: „Тој мрмотот ме уништи…!“

Луис Хамилтон имаше уште една трка за заборав во Канада. Овој пат заврши на шестото место, а сето тоа по вина на мрмотот.

Седумкратниот светски шампион, кој самиот е голем љубител на животни, рече дека инцидентот го погодил силно. Случајно удрил мрмот за време на 13-от круг од трката во Монтреал, што предизвикало значителна штета на подот на неговиот автомобил.

Хамилтон, кој до тој момент одржуваше солиден ритам, рече дека сè станало сè покомплицирано по тој инцидент.

„Бев прилично среќен до тој момент. Имав добар почеток, ја држев позицијата и сè имав под контрола. Се чувствував оптимистички. Дури и не забележав кога се случи, но подоцна слушнав дека сум удрил мрмот. Ме скрши. Ги сакам животните и сум тажен. Едноставно е ужасно. Никогаш порано не ми се случило такво нешто“ – рече Хамилтон, објаснувајќи дека оштетениот под значително влијаел на неговите перформанси.

„Дел од подот, десната страна… сите иглички паднаа. И сето тоа, плус проблемот со сопирачките на половина од трката, и предолгото престојување во боксот… сето тоа се собра. Затоа, во такви околности, сум задоволен што дури стигнав до целта и освоив неколку поени.“

Се вчитува...