Силекс ги стартуваше подготовките за Конференциската лига, утре во Нион се дознава противникот

Екипата на Силекс ги стартуваше подготовките за настапите во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА ова лето.

Кратовци утре на ждрепката во Нион, Швајцарија, ќе го дознаат и противникот во првото квалификациско коло за Конференциската лига.

Според најавите, веќе се договорени и два пријателски натпревари со екипата на Работнички, која исто така се подготвува за настапите во Конференциската лига. Веќе утре, на 17. јуни, овие два тима ќе одиграат пријателски меч во Кратово, додека три дена подоцна ќе се одигра и меч во Скопје.

Се вчитува...