Струга ТЛ се раздели со голманот Стевковски

Голманот Христијан Стевковски повеќе нема да биде дел од Струга ТЛ, откако по разговор со раководството на клубот, го раскина предвреме актуелниот важечки договор.

Стевковски се приклучи на Струга ТЛ во јули минатата година, пристигнувајќи од редовите на Македонија ЃП. Минатата сезона настапи на вкупно 10 натпревари, вклучувајќи и два натпревари во Купот на Македонија.

Стевковски е третото име, по Бесарт Кривањева и Никола Влајковиќ, кои ова лето заминуваат од струшкиот прволигаш.

Се вчитува...