Пелистер раскина со Захариевски, Горазд Михаилов седнува на клупата на битолчани!?

ФК Пелистер и официјално информираше дека спогодбено го раскина договорот со тренерот Срѓан Захариевски.

Захариевски дојде во ФК Пелистер на крајот од минатата 2024 година и ја водеше екипата во вториот дел од шампионатот на Македонија 2024/25. Под негово водство „пелистерци“ завршија на шестото место во табелата.

Од Пелистер информираат дека наскоро ќе го именуваат наследникот на Захариевски, но во јавноста веќе се спомнува Горазд Михаилов како нов тренер на битолскиот прволигаш.

„Клубот во најкраток временски период ќе го назначи новиот тренер и неговиот стручен штаб, но и новиот управен одбор и раководечки тим на клубот“ – информираат од ФК Пелистер.

Се вчитува...