Вардар убедливо го победи Будуќност на првиот тест-меч во Словенија

Најтрофејниот македонски клуб, Вардар убедливо со 3-0 го совлада шампионот на Црна Гора, Будуќност во првиот свој тест-меч за време на подготовките во Словенија.

„Црвено-црните“ во доминантен натпревар против црногорскиот тим до победата дојде со голот на Едис Спахиу во првото полувреме, а во вториот дел на двапати стрелаше Горан Закариќ за конечни 3-0.

Тимот на Гоце Седлоски за време на подготовките во Словенија, ќе одигра уште најмалку три пријателски натпревари против квалитетни противници, како дел од подготовката за настапот во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА.

Се вчитува...