Работнички и Силекс одиграа тест без голови како загревање за Конференциската лига

На првиот пријателски натпревар, и за двете екипи, низ подготовките за настапот во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, Работнички и Силекс одиграа без голови.

Динамичен меч со интензитет, но на крај без погодоци на стартот од тест-дуелите низ летните подготовки.

Двете екипи, повторно ќе одиграат меѓусебен натпревар и на 20 јуни, во Кратово, пред дуелите во 1. квалификациско коло на Конференциската лига кои се закажани за 10. јули.

Работнички во првото коло од Конференциската лига ќе се соочи со белоруски Торпедо, а Силекс ќе игра против црногорскиот Дечиќ.

Се вчитува...