Донгмо ја продолжи верноста со Вардар на 1+1 година

Камерунскиот интернационалец во редовите на Вардар, Данел Донгмо ја продолжи верноста со Вардар. Тој со новиот договор се обврза да остане во „црвено-црните“ редови уште една година, со можност истиот да биде продолжен на уште една.

Играчот од средниот ред дојде во Вардар во јули минатата година од редовите на Троја Б, а претходно беше дел од Брасериес од Камерун.

Минатата сезона Донгмо запиша 28 настапи за „црвено-црните“ во Првата лига и запиша една асистенција. Нешто подобри бројки имаше во Купот, каде на пет меча, постигна два гола и имаше една асистенција.

Се вчитува...