Димитар Капинковски е старо-нов тренер на Пелистер!

Пелистер од денеска и официјално со нов шеф на стручниот штаб. Димитар Капинковски ќе го води битолскиот прволигаш во сезоната 2025/26 во обид да го продолжи развојот на клубот по враќањето во Првата лига.

Селекторот на македонската репрезентација до 18 години доаѓа на местото на Срѓан Захариевски потпишувајќи договор до крајот на сезоната.

За 50-годишниот Капинковски ова е враќање во матичниот клуб, каде што ја започна тренерската кариера. Потоа Капинковски ја водеше Победа, а работеше и во грузискиот клуб Самтредиа.

Прпзивката на новиот тренер е закажана за 30 јуни.

Се вчитува...