Состојбата на Владе Дивац по сообраќајната несреќа во Црна Гора очигледно се подобрува, па поранешниот српски кошаркар синоќа за првпат се огласи во јавноста.
Екс-центарот на Ла Лејкерс падна возејќи мотор и мораше да му биде извршена операција на колкот, но се чини дека најлошото веќе мина, а состојбата на Дивац се движи во позитивен правец.
Благодарност до сите за пораките и повиците. Добро сум, одиме напред“, порача Дивац.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

