Вардар денеска на „мегдан“ против шампионот на Словенија (ФОТО)

ЕКИПА во Раденци, Словенија
Горан Бошев

Екипата на Вардар, денеска на подготовките во Словенија ќе го одигра вториот контролен натпревар. Ривал им е словенечкиот шампион Олимпија Љубљана. Мечот се игра денеска во Раденци со почеток во 17:30 часот.

„Вардарци“ одлично ја стартуваа серијата на контроли, со победата над Будуќност од 3-0, и сега сакаат истата да продолжи и против првакот на Словенија.

До крајот на подготовките, Вардарци ќе одиграат и против Марибор на 24. јуни, а потоа и на 27. јуни кога ривал ќе им биде романскиот тим Рапид Букурешт. „Црвено-црните“ ќе останат во Словенија до 3. јули, за кога е предвидено враќањето во Скопје, и подготовка за првиот меч против Ла Фиорита од Сан Марино во рамките од 1. квалифациско коло во Лигата на Конференции.

Се вчитува...