Драгиќ објасни зошто го одбил Партизан: Мора да си чесен…

Од самото доаѓање на Жељко Обрадовиќ за тренер тимот на Партизан се поврзува со врвни кошаркарски имиња. Едно од првите по доаѓањето на Обрадовиќ беше Горан Драгиќ, словенечкиот ветеран кој во меѓувреме ја заврши кариерата, но во последните години кои ги мина во НБА беше поврзуван со преселба меѓу белградските „црно-бели“ .

Драгиќ во последното интервју за подкаст во татковината откри дека навистина постоел контакт, но и дека тој имал добра причина да го одби својот омилени клуб.

„Бев во контакт со Партизан, луѓето сакаа да ме доведат, но јас верувам дека во такви моменти треба да се биде чесен. Не сакав да ги лажам тренерите и навивачите, едвај се движев, не сакав да дојдам во Партизан и да излезам на терен „со една нога“. Моето тело веќе не можеше да ги издржи напорите, тоа е единствената причина поради која не дојдов во Белград. Штета, ќе беше прекрасно, бидејќи Партизан е мој клуб, навивав за него уште од детството, ќе беше прекрасно да заиграм пред крајот на кариерата, но не сакав моето појавување да биде на таков начин, на такво ниво“, искрен е Горан Драгиќ.

Се вчитува...