Струга ТЛ не успеа да ја одбрани шампионската титула, по што екс-првакот се решава за ремонт во играчкиот кадар како и во стручниот штаб, каде за нов кормилар беше поставен Бледи Шкемби од Албанија.
По заминувањата на Кривањева, Стевковски и Влајковиќ, стружани денеска се збогуваа од уште еден стандарден првотимец откако Сава Радиќ го напушти овој македонски прволигаш. Српскиот дефанзивец беше дел од Струга ТЛ од јануари 2022 година, даде значаен придонес во успесите на стружани во изминатите три сезони, но сепак беше донесена одлука тој да не добие нов договор.
„Сава РАдиќ е следниот фудбалер со кого ја завршуваме соработката. Тој ни се приклучи во јануари 20022 и стана дел од најблескавата историја на Струга ТЛ. Заедно освоивме две шампионски титули и игравме две куп-финалиња. Тој настапи на вкупно 37 средби минатата сезона, од кои 28 во амкедонскиот шампионат. Сава Радиќ одигра вкупно 108 натпревари во дресот на Струга ТЛ, од кои 12 беа во европските купови. Сава, ти благодариме за придонесот во дресот на нашиот клуб, истовремено ти посакуваме многу среќа во натамошниот дел од твојата кариера“, се вели во објавата на Струга ТЛ на официјалната веб-страница на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

