Закариќ, официјално, уште една година во Вардар (ФОТО)

Вардар, сосема очекувано, ја продолжи соработката со еден од најдобрите свои фудбалери од минатата сезона, капитенот Горан Закариќ, кој денеска во тренинг базата на црвено-црните во Словенија официјално стави потпис на нов едногодишен договор.

Беше веќе најавено дека Закариќ ќе ја продолжи соработката, што е официјализирано денеска во Словенија.

Закариќ во црвено-црниот дрес одигра 30 натпревари во шампионатот на Македонија, постигнувајќи 11 гола, а дополнети и со три асистенции.

Се вчитува...