Диего Факундо Кастањеда, аргентинскиот фудбалер од средниот ред во новата сезона ќе ги брани боите на најтрофејниот македонски фудбалски тим Вардар.
Дваесетишестгодишникот во главниот град доаѓа од црногорскиот Петровац каде минатата сезона постигна седум голови и регистрираше пет асистенции, а на пет натпревари беше „меч винер” за својот тим.
Кастањеда претходно играше за Бока Јуниорс до 20 години, а подоцна и за Б-тимот на Бока Јуниорс. Брзината, добрата техника, прецизните додавања и борбениот темперамент го прават вреден играч во офанзивниот среден ред и тој е вистински претставник на аргентинската фудбалска школа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

