Работнички убедливо поразен од Партизани Тирана

Екипата на Работнички лошо ги стартуваше подготовките во Охрид. Денеска тимот на „романтичарите“, кој се подготвува за настап во Лигата на Конференции, беше поразена од Партизани Тирана со убедливи 0-3.

Албанскиот тим убедлив славеше со головите во 18-та, 24-та и 87-та минута.

Претходно Работнички двапати одигра нерешено против Силекс (0-0 и 1-1), а следува уште една контрола против Балкани, која ќе биде генерална проба пред настапите во Европа, и дуелите против Торпедо Жодино од Белорусија.

Се вчитува...