Арсими го засили средниот ред со Камерунец од Воска

Габриел Јапи Тенлеп, камерунски играч од средниот ред е ново име во редовите на Арсими. Тој има 22 години, и досега играше во Воска Спорт.

Неговите импресивни перформанси не останаа незабележани, веднаш привлекувајќи го вниманието на нашето раководство, кое ја победи конкуренцијата од многу тимови за да го ангажираат Камерунецот“, велат од Арсими за новото име. 

Тој бил во минатото дел од првенството на Гана. Имаше договор до крајот на сезоната, но откако Воска Спорт не ја одигра сезоната, стана слободен играч, и како таков останува во македонскиот шампионат, сега во дресот на тимот од Чегране.

Се вчитува...