Одличен финиш на сезоната за Партизан, „црно-белите“ ја освоија титулата во Србија

Партизан е новиот српски шампион во кошарка, откако на гостински терен во вториот меч го совлада тимот на Спартак Суботица со 93-79, и така дојде до втората победа во серијата, што беше доволно за освојување на титулата во домашниот шампионат.

Тимот на Жељко Обрадовиќ имаше проблеми само во првиот дел, односно во првите две четвртини кога Спартак дури имаше и предност на моменти, но во вториот дел целосна доминација и на крајот до победа.

Ова беше втор трофеј за Партизан по кратко време, откако претходно го освоија и пехарот во АБА лигата, победувајќи го тимот на Будуќност.

Се вчитува...