Реми на Шкендија на контролата со ЦСКА Софија

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија ремизираше 1-1 против бугарска ЦСКА Софија во пријателски натпревар како дел од подготовките за настапот во квалификациите во Лигата на шампионите.

Тимот од главниот град на Бугарија поведе со 0-1 со голот на Теодор Иванов во 60. минута. Конечните 1-1 ги постави Красничи со прекрасен погодок.

Претходно на подготовките Шкендија славеше над Аргес со 1-0, додека загуби од Копер со 4-0.

Се вчитува...