„Мрднаа“ работите во Шкупи: Јуниор на Борусија Менхенгладбах второ засилување на „Чаир“

Адонис Милај, 20-годишен фудбалер од средниот ред е ново засилување на Шкупи. Станува збор за младинец на германскиот тим Борусија Менхенгладбах, каде што играл за тимовите до 17 и до 19 години. Минатата сезона бил дел од нисколигашот СЦ Сент Тенис во Германија.

Милај е поранешен младински репрезентативец на Косово до 19 години.

Тој е второто засилување на Шкупи за кратко време. Претходно екипата од Чаир потпиша со дефанзивецот Емре Кадри (21). Очигледно дека екипата идната сезона ќе се потпира на млади кадри. Деновиве екипата треба да го добие и новиот тренер.

Се вчитува...