Репрезентацијата на Франција на претстојниот Евробаскет ќе биде без помошта на првите центри Руди Гобер и Виктор Вембањама, а сосема веројатно да останат и без останатите ѕвезди.
На овие двајца кошаркари треба да се додаде и Еван Фурние, за кого француските медиуми тврдат дека ќе го пропушти континенталниот шампионат што од 27 август до 14 септември во Кипар, Финска, Полска и Летонија.
Десниот скочен зглоб на Фурние го мачи со месеци, па оттука се поставува прашањето дали најдобриот стрелец на „триколорите“ ќе одговори на повикот на новиот тренер Фредерик Футо.
Отсуството на Фурние од тимот за Евробаскетот би било непоправлива загуба за Французите, кои додуша имаат доста солиден број на квалитетни играчи на истата позиција. Франција веројатно на Евробаскетот ќе биде и без Матијас Лесор.
Кошаркарот на Панатинаикос се опорави по скршеницата на потколеницата и операцијата, дури играше и за Панатинаикос на фајналфорот во Абу Даби, но долгото отсуство и тоа што штотуку се врати во игра го тера добро да размисли дали ќе се вклучи во таков физички напорен потфат како што е Евробаскетот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

