Нема шампионска еуфорија за Хезоња: Кога си во Реал Мадрид една титула не е доволна

Реал Мадрид ја спаси очајната сезона освојувајќи го шпанското првенство со триумф во финалната серија против Валенсија. Овој трофеј е единствениот во сезоната отакко славниот клуб потфрли во домашниот Куп и Евролигата.

Тоа наиде на голема фруастрација и на хрватскиот репрезентативец од „кралските“ редови, Марио Хезонја кој вели дека Реал Мадрид како клуб не смее да се задоволи со само еден трофеј.

„Освојувањето на оваа титула не ги оправдува срањ*ата кои ги правевме во текот на целата година. За мене, кога го носиш овој дрес еден трофеј не е доволно. Мораме да се подобриме. Сите мораме да седнеме на маса и да разговараме за иднината бидејќи вакви работи не смеат да ни се случат повторно.

Фрустриран сум. Не сакам да кажам засрамен бидејќи освоивме нешто и не беше се така лошо, но мора да се погледнеме самите себе си. Кога си во Реал Мадрид една титула не е доволна“, изјави Хезонја.

Се вчитува...