Деби голови на Мирчевски и Говедарица: Силекс ремизираше со косовска Дрита

Кратовски Силекс во Банско, Бугарија, ги реализира финалните подготовките за настапот во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА ова лето.

Кратовци го одиграа и првиот контрелоен натпревар од подготовките во Банско притоа ремизирајќи (2-2) со екипата на ФК Дрита од Косово.

Головите за Силекс ги постигнаа двете нови засилувања за тимот ова лето, офанзивецот Мартин Мирчевски и Миљан Говедарица.

Се вчитува...