Шкупи продолжува со комплетирање на тимот: Промовиран и Андреј Ричков (ФОТО)

Шкупи продолжува со комплетирање на тимот за новата натпреварувачка сезона.

Чаирчани, по претходни две имиња промовирани во текот на денешниот ден, сега му посакаа добредојде во клубот и на Андреј Ричков.

26-годишниот централен дефанзивец во Шкупи доаѓа од редовите на Воска Спорт, каде настапуваше изминатава сезона.

Претходно во кариерата, Ричков, кој потекнува од фудбалската школа на Вардар, има играно и за Беласица, Скопје, Борец Велес, Осогово, Пелистер, Силекс и Воска Спорт, од каде сега се сели во Шкупи.

Се вчитува...