Фудбалерите на Вардар ќе добијат премија за освојување на титула во мак-фудбалот

Фудбалерите на Вардар се на подготовки во Раденци, Словенија пред почетокот на настапот во квалификациите во Конференциската лига.

Од раководството на најтрофејниот македонски клуб денеска на состанок донеле одлука за премии за фудбалерите за следната сезона.

„На состанокот утрово одржан во Раденци помеѓу Извршниот директор на ФК Вардар АД Миленко Неделковски од една страна, и шефот на Стручниот штаб Седлоски заедно со капитените Закариќ и Омерагиќ, беше договорено премијата на екипата за освојување на шампионската титула за следната сезона 2025/26 да биде 250.000 евра.
Двојната круна ќе донесе премија за фудбалерите и стручниот штаб од вкупно 350.000 евра. Премијата за елиминација на противникот од Сан Марино во Конференциската лига ќе е 50.000 евра“, стои во соопштението на ФК Вардар.

Се вчитува...