Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар го одигра својот последен натпревар на подготовките во словенечки Раденци.
Последен противник на вардарци беше домашниот Марибор кој славеше со 5-0 во натпревар кој траеше 120 минути.
Шампионот во купот во првото полувремем од 60 минути играше во егал со Словенците, но во вторите шеесет минути фудбалерите на Марибор одиграа далеку подобро и славеа со 5-0.
По овој натпревар „црвено-црните“ се враќаат во Скопје каде ги очекува дуел во Конференциската лига против Ла Фјорита од „Сан Марино“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

