Досегашниот фудбалер на Гостивар, Ринор Ајдини во идната сезона ќе ги брани боите на Шкупи. Играчот од средниот ред кој минатата сезона одигра 21 меч, му се приклучува на тимот од Чаир, кој ги консолидира редовите, и носи нови имиња за идните прволигашки предизвици.
Ајдини е 24-годишен фудбалер кој во минатото играше и за Тетекс, Кадино, Хрватски Драговољац и во младинските категории на Работнички.
Претходно Шкупи ги донесе Андреј Ричков, Иван Николоски, Максимилијан Гроте. Емре Кадри, Адонис Милај и Малик Хајвали. Деновиве тимот треба да добие нов стручен штаб, и да ги започне подготовките за новата сезона, во која чаирската екипа ќе има сосема поинаков лик од онаа од претходните сезони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

