Еден од најдобрите вардарови фудбалери изминатава полусезона, Едиз Спахиу е на „радарот“ на турскиот второлигаш Сиваспор.
Според информациите од турските медиуми, 24-годишниот крилен офанзивец е желба на турскиот тим кој го следел подолг период. Скаути на Сиваспор, според најавите, ќе го следат Спахиу и на европските натпревари на Вардар ова лето, пред евентуалниот обид за договор со црвено-црните за ангажман на македонскиот фудбалер.
Спахиу е поранешен фудбалер на Шкендија, Гостивар и Тиквеш од каде во јануари оваа година се пресели во редовите на Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

